• среда, 25 декември 2024

Борел ќе учествува на „Форумот Европа“ во Австрија на дискусии за односите ЕУ-Западен Балкан 

Борел ќе учествува на „Форумот Европа“ во Австрија на дискусии за односите ЕУ-Западен Балкан 

Брисел, 19 јуни 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел утре ќе отпатува за Австрија, каде в петок ќе присуствува на овогодишниот „Форум Европа“ во Вахау на кој со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, министрите за надворешни работи од Западниот Балкан и со претставници невладини организации ќе размени мислења за соработката меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во надворешната и безбедносната политика и за проширувањето на блокот.  

Предвидено е на маргините на Форумот, Борел да има и билатерални средби со претставници на земјите од Западниот Балкан. 

Како што соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), во рамки на Форумот на Борел ќе му биде врачена наградата „Д-р Алоис Мок“, по што ќе има обраќање пред присутните. 

Во рамки на дводневната посета на Австрија, утре Борел ќе престојува во Виена каде ќе има средби со претставници на австриските власти, вклучувајќи го и претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан