• четврток, 26 декември 2024

Борел: Ќе побарам од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за Косово „што е на маса“

Борел: Ќе побарам од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за Косово „што е на маса“

Брисел, 9 февруари 2023 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека на денешниот самит ќе побара од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за решение на косовското прашање „што е на маса“.

„Ќе побарам од лидерите силна поддршка за да се избегне каква било ескалација и ќе побарам од нив сериозно да работат на овој предлог, што е единствениот начин да се обидеме да ги решиме и нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, изјави Борел пред средбата во Брисел.
 
Тој рече дека ќе ги извести лидерите на ЕУ за состојбите во дијалогот меѓу Приштина и Белград, последните случувања и последните контакти, пренесе Бета.
 
„Предлогот е на маса. Ги поканувам двајцата лидери (на Србија и на Косово) повторно да дојдат во Брисел – наскоро, за неколку недели – со цел дефинитивно да го протуркаат тој предлог“, рече Борел.

Оценувајќи дека „се оди од криза во криза“, Жозеп Борел нагласи дека „сега е време за деескалација и конструктивна работа“. паг/

Остани поврзан