• среда, 18 декември 2024

Борел: Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ го сметаме за посветеност на членството (ДПЛ)

Борел: Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ го сметаме за посветеност на членството (ДПЛ)

Брисел, 24 јуни 2024 (МИА) - ЕУ е подготвена за посилна интеграција и засилена поддршка на земјите од Западниот Балкан, но очекува од нив да застанат зад Унијата во одбрана на меѓународниот поредок, особено во врска со Украина и во однос на мерките преземени кон Русија поради руската инвазија врз земјата, порача вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на денешниот Совет за надворешни работи (ГАК) во Луксембург.    

- Усогласувањето на земјите од Западниот Балкан со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика го сметаме за стратешки избор и за посветеност на членството, истакна Борел.  

Според него, одржувањето блиски врски со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, не е во согласност со заложбите за изградбата на заедничка иднина во ЕУ.  

Тој информира дека на состанокот биле донесени и одлуки за воведување санкции кон поединци за поврзаност со хакерски напади, 14-от пакет економски санкции кон Русија поради воената агресија врз Украина, како и рестриктивни мерки кон субјекти во Судан. 

Според Борел, на ФАК се говорело и за поддршката на Украина, имајќи предвид дека на земјата и е потребна дополнителна противвоздушна одбрана, муниција, како и помош за развој на капацитетите на нејзината одбранбена индустрија.  

- Министрите со договорија за Рамката за користење на профитите од замрзнатите руски средства за потребите на Мировниот механизам на ЕУ, истакна Борел, додавајќи дека „една земја членка“ се уште го блокира користењето на шест милијарди евра за овој Механизам. 

Тој потенцира дека средства од профитите од замрзнатите средства ќе бидат користени за потребите на Украина и веќе следниот месец ќе и бидат исплатени 1,4 милијарди евра, а уште една милијарда до крајот на годината, наменети за набавка на противвоздушна одбрана и муниција и за поддршка на украинската одбранбена индустрија. 

- Со ваквата безбедносна посветеност упатуваме јасна порака до Русија за нашата волја да ја поддржиме Украина, истакна Борел, додавајќи дека во тој правец е и утрешната Меѓувладина конференција со Украина за формален почеток на преговорите на земјата за членство во ЕУ. 

Во однос на најновиот развој на настаните на Блискиот Исток, Борел истакна дека три недели по планот на американскиот претседател Џо Бајден за прекин на конфликтот во Газа, станува јасно дека ниту кај Израел, ниту кај Хамас нема подготвеност за негово прифаќање. 

- А хуманитарната состојба е катастрофална. Нема никаков напредок во доставувањето на хуманитарна помош во Газа. Илјадници камиони чекаат на границата да влезат во Газа, а во меѓу време таму се наѕира глад и 8.000 деца под пет годишна возраст страдаат за храна, изјави Борел, додавајќи дека е бесцелно да се испраќа храна, кога таа стои и пропаѓа на границата. 

Тој нагласи дека ЕУ ќе продолжи со притисокот за доставување на хуманитарна помош, што е невозможно без прекин на огнот, како и за спречување на ширење на конфликтот. За таа цел, според Борел, ЕУ ќе продолжи со поддршка на напорите на нејзините меѓународни партнери, пред се САД и арапските пријатели во регионот за спречување на конфликт меѓу Израел и Хезболах. 

Борел најави и одржување на заседание на Советот за асоцијација ЕУ-Израел на кое ќе се говори за состојбата во Газа и Западниот Брег и за хуманитарната криза, а многу наскоро и воведување дополнителни санкции кон Хамас и насилните еврејски доселеници.  

 BE-ja është e gatshme për integrim më të fortë dhe mbështetje më të fortë të partnerëve nga Ballkani Perëndimor, por pret që ata të qëndrojnë prapa Bashkimit në mbrojtje të rendit ndërkombët

- Сите земји членки ја изразија поддршката на УНРВА, која е од круцијална важност за спасување на животите на палестинските бегалци во Газа, на Западниот Брег и во Регионот, истакна Борел, додавајќи дека секој напад врз било која агенција на ОН придонесува за дестабилизација на состојбата. 

Високиот претставник нагласи дека на Советот се водела дискусија и за политичките случувања во Грузија, поврзани со Законот за транспарентност од странско влијание, кој како што рече не е во согласност со стандардите на ЕУ, иако високи грузиски владини претставници го тврдат спротивното. 

- Сакам да бидам јасен. Овој закон ја оттурнува Грузија подалеку од ЕУ. Не можам да бидам појасен и поконцизен, изјави Борел, додавајќи дека ваквиот став го поддржуваат 26 од 27-те земји членки на Унијата. 

Според него, ако грузиската Влада не го промени ваквиот курс, Грција не може да се надева на напредок на европскиот пат.  

- Тоа можам да го кажа погласно, но не и појасно, потенцира Борел, додавајќи дека ако нешто не се промени ќе се преразгледа и поддршката на ЕУ за Грузија. 

На заседанието се говорело и за состојбата во африканскиот Регионот на Големите езера, како и во Тунис, за што дебатата ќе продолжи и во следниот период имајќи ја предвид нивната важност за Унијата.  

На делот од заседанието на ФАК на кое се расправаше за состојбата на Западниот Балкан, присуствуваше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски заедно со неговите колеги од регионот. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан