• недела, 24 ноември 2024

Борел се придружи на повикот на Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа

Борел се придружи на повикот на Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа

Брисел , 4 март 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека се согласува со американската потпретседателка, Камала Харис, која повика на прекин на огнот во Газа, додавајќи дека е време и Советот за безбедност на Обединетите нации да реагира.

„Се приклучувам на повикот на американската потпретседателка Камала Харис за итен прекин на огнот во Газа. Тогаш не би требало да има никаква пречка за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека Харис е во право кога кажа дека се убиени премногу луѓе и го повика Израел да дозволи непречен пристап до хуманитарна помош.

„Време е Советот за безбедност на ОН да реагира“, изјави високиот претставник на ЕУ.

Американската потпретседателка вчера повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа и побара Израел да го зголеми протокот на хуманитарна помош поради „нехуманите услови“ и „хуманитарната катастрофа“ што го погоди палестинскиот народ.

Западните медиуми пишуваат дека изјавите на американската потпретседателка се едни од најострите дадени од висок американски функционер кога се во прашање повиците до Израел да ја олесни ситуацијата во Газа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан