• петок, 27 декември 2024

Борел: Се надеваме дека САД ќе ја променат одлуката околу поддршката за Украина

Борел: Се надеваме дека САД ќе ја променат одлуката околу поддршката за Украина

Гранада, 5 октомври 2023 (МИА) – Одлуката на Конгресот на САД да ја исклучи помошта за Украина од пакетот за финансирање на државната админстрција беше неочекувана и секако не е добра вест, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

- Се надевам дека тоа нема да биде дефинитвна позиција на САД. На Украина и е потребна поддршката од ЕУ, што сигурно ќе ја има и сакаме да ја зголемиме, но потребна и е поддршката и од САД, рече Борел.

Тој истакна дека надеж на ЕУ, на Украинците и на сите оние кои не сакаат рускиот претседател Владимир Путин да победи во оваа војна, е дека САД ќе ја променат својата позиција и ќе продлжат со поддршката за Украина.

Според Борел, ЕУ не може да ја надомести празнината што ќе настане со прекин на помошта што доаѓаше од САД и покрај одлуката да ја зголеми поддршката за Украина.

- ЕУ може да направи повеќе, но поддршката од САД за Украина беше импресивна, додаде Борел. сп/

Фото: МИА

Остани поврзан