• сабота, 09 ноември 2024

Борел: Путин ја гранатира Украина за да ја зајакне својата кандидатура за реизбор за претседател на Русија

Борел: Путин ја гранатира Украина за да ја зајакне својата кандидатура за реизбор за претседател на Русија

Брисел, 11 декември 2023 (МИА) - Во пресрет на зимата и за да ја зајакне својата кандидатура за реизбор за претседател на Русија, (Владимир) Путин се обидува да даде нов поттик на војната во Украина, повторно изведувајќи ракетни напади врз Киев, погодувајќи цивилни цели, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на прес-конференција по денешната средба на европските министри за надворешни работи во Брисел.

- Треба да направиме се за Путин да не надвладее, додаде тој.

Според него, Украина се бори на два фронта - на бојното поле и на патот кон ЕУ.

- Треба да ја поддржиме Украина, европските шефови на држави и влади треба да донесат важна одлука оваа недела, посочи тој во однос на очекувањата дека Европскиот совет ќе го поддржи почетокот на пристапните преговори со Киев.

Покрај воената помош, тој смета дека треба да се обезбеди долгорочно финансирање на Украина.

- Време е да се зголеми и забрза помошта. Нашата поддршка треба да биде упорна, затоа е неопходно да бидеме обединети, рече Борел.

Според него, неопходно е да се зголеми буџетот за европска воена помош за украинските сили за пет милијарди евра.

Тој додаде дека утре земјите од ЕУ ќе добијат предлог како да ги користат приходите од запленетиот руски имот според европските санкции.

Борел истакна дека предлогот е предмет на одобрување од Советот на ЕУ. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан