• вторник, 24 декември 2024

Борел: По пресудата на судот во Хаг, ЕУ мора да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел

Борел: По пресудата на судот во Хаг, ЕУ мора да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел

Брисел, 24 мај 2024 (МИА) - Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, по денешната наредба на Меѓународниот суд на правдата (МСП) до Израел веднаш да ја прекине офанзивата на Рафа, изјави дека ЕУ ќе треба да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел.

„Каков ќе биде одговорот на (ЕУ) на денешната пресуда на Меѓународниот суд на правдата, каков ќе биде нашиот став? Ќе треба да избереме помеѓу нашата поддршка за меѓународните институции за владеење на правото или нашата поддршка за Израел“, рече Борел. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан