• среда, 25 декември 2024

Борел почнал консултации со земјите-членки на ЕУ за тоа дали да се воведат санкции против израелските министри

Борел почнал консултации со земјите-членки на ЕУ за тоа дали да се воведат санкции против израелските министри

Брисел, 29 август 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека почнал консултации со земјите-членки на ЕУ за тоа дали да се воведат санкции против „некои израелски министри“.

„Ја започнав процедурата да ги прашам земјите-членки дали сметаат дека е соодветно да вклучат во списокот со санкции одредени израелски министри кои шират неприфатливи пораки за омраза против Палестинците и предлагаат работи што се во јасна спротивност со меѓународното право“, изјави Борел пред новинарите пред средбата со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел.

Шефот на европската дипломатија не спомна ниту едно име на израелски министер. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан