• понеделник, 23 декември 2024

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања

Брисел, 24 март 2023 (МИА) - Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел изјави дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва.

Борел посочи дека Кина, иако има воспоставено блиски дипломатски и економски врски, не формирала воен сојуз, ниту испорачувала оружје на Русија.

- Се чини дека ова неограничено пријателство има граници, рече Борел, нагласувајќи дека Кина „не ја преминала црвената линија“. ссм/

Остани поврзан