• среда, 25 декември 2024

Борел: Мора да се постигне договор и да се донесе политичка одлука за визи за руски туристи

Борел: Мора да се постигне договор и да се донесе политичка одлука за визи за руски туристи
Прага, 31 август 2022 (МИА) - Европската Унија не смее да покаже несогласување во врска со барања на некои членки од Источна Европа да се забранат визи за руски туристи, предупреди високиот претставник  за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел. Тој ги повика членките на ЕУ да се договорат по ова прашање. - Ќе мораме да постигнеме договор и да донесеме политичка одлука, нагласи Борел пред новинарите, по доаѓањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Прага. бд/ссм/

Остани поврзан