• сабота, 28 декември 2024

Борел и Блинкен: Вистинско време за значајни чекори во интерес на интеграцијата на Косово и Србија во ЕУ

Борел и Блинкен: Вистинско време за значајни чекори во интерес на интеграцијата на Косово и Србија во ЕУ

Брисел, 17 март 2023 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го информираше американскиот државен секретар Ентони Блинкен за последните случувања во врска со процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и ги изрази своите очекувања од средбата во Охрид. 

„Нивната дискусија беше фокусирана на претстојниот дијалог на високо ниво меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ во сабота во Охрид, ситуацијата во Етиопија и подготовките за енергетскиот совет ЕУ-САД следниот месец“, се вели во соопштението на ЕУ службата за надворешна политика. 

Во телефонскиот разговор Борел ја подвлече важноста од напредок во дијалогот за европските аспирации на двете страни. 

„Двајцата се согласија дека ова е вистинско време да се направат значителни чекори напред во интерес на интеграцијата на Косово и Србија во ЕУ“, се вели во соопштението. паг/

Остани поврзан