• петок, 27 декември 2024

Борел: Израел отвори некои хуманитарни коридори, но тоа не е доволно

Борел: Израел отвори некои хуманитарни коридори, но тоа не е доволно

Брисел, 5 април 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, изјави денеска дека израелската Влада отворила „некои коридори“ кон Појасот Газа, за да се достави хуманитарна помош, но дека тоа не е доволно за да се спречи гладувањето.

„По осудата на голем дел од јавноста по убиството на седуммина хуманитарци од Светската централна кујна и меѓународниот притисок, израелската Влада отвори некои коридори за хуманитарна помош. Но, тоа не е доволно за да се запре гладувањето во Газа. Резолуцијата 2728 мора веднаш да се имплементира“, порача Борел на платформата „Икс“.

Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД внимателно ја разгледуваат истрагата на Израел за нападот во кој оваа недела загинаа седум работници на Светската централна кујна.

Хуманитарните работници загинаа на 1 април кога нивниот конвој беше погоден веднаш откако го надгледуваше истоварот на 100 тони храна донесена во Газа по морски пат. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан