• среда, 27 ноември 2024

Борел: ЕУ очекува Белград и Приштина да почнат да го спроведуваат договорот

Борел: ЕУ очекува Белград и Приштина да почнат да го спроведуваат договорот

Белград, 5 април 2023 (МИА) - Србија и Косово се обврзаа на Договор за патот кон нормализација и на неговиот Анекс, а Европската унија (ЕУ) очекува и двете страни да ги почитуваат сите обврски и што поскоро да почнат да ги спроведуваат, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел.

Тој на својот Твитер профил порача дека страните мора да избегнат каква било ескалација.

-Во тек е превод на нивните обврски кон европските патишта, рече Борел.

Тој додаде дека договорот што е постигнат на средбата на главните преговарачи, одржана во вторникот, за текстот за прогласување исчезнати лица е првиот чекор.

-Ќе го поддржиме на лидерското ниво на следниот состанок на високо ниво што ќе го свикам, рече Борел. об/сд/

Остани поврзан