• среда, 25 декември 2024

Борел: До крајот на годината ќе ги испорачаме сите милион артилериски гранати во Украина

Борел: До крајот на годината ќе ги испорачаме сите милион артилериски гранати во Украина

Брисел, 11 ноември 2024 (МИА) - Европа е блиску до исполнување на ветувањето за испорака на милион артилериски гранати на Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

„Речиси сме готови. Веќе испорачавме повеќе од 980 илјади гранати, а многу наскоро ќе испорачаме милион гранати“, изјави Борел.

Тој посочи дека ЕУ не успеала да ги испорача ветените милион ракети до пролетта оваа година, но дека во последните месеци успеала значително да го забрза производството.

Борел изрази надеж дека ЕУ ќе и достави исто толку муниција на Украина.

„Вкупно, ќе испорачаме повеќе од 1,5 милиони парчиња муниција во Украина до крајот на годината. Проблемот не беше во трансферот на она што е на располагање, туку во производството: Кога ветивме дека до пролет ќе го достигнеме нивото од еден милион гранати годишно, не знаевме колкав е вистинскиот производствен капацитет, а не беше толку како што мислевме“, рече тој.

Во 2023 година, ЕУ вети дека ќе и достави еден милион гранати на Украина до пролетта 2024 година, но до тој рок само половина од ветените беа испорачани поради проблеми со производството. паг/

Фото: ЕПА



Остани поврзан