• сабота, 27 јули 2024

Борел во Пекинг: Нарушена довербата меѓу Кина и ЕУ

Борел во Пекинг: Нарушена довербата меѓу Кина и ЕУ

Пекинг, 13 октомври 2023 (МИА) - Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска во Пекинг изјави дека е „нарушена“ довербата меѓу Европската унија (ЕУ) и Кина.

„Довербата е основа на секој човечки однос, а меѓусебната доверба (на Кина и ЕУ) е нарушена“, рече Борел во говорот на престижниот универзитет во Пекинг.

Европскиот функционер додаде дека треба да се работи на враќање на довербата.

Борел, исто така, рече дека трговскиот дисбаланс меѓу ЕУ и Кина „не е само квантитативен, туку и квалитативен“.

Според него, причина за тоа се тешкотиите со кои се соочуваат европските компании кога сакаат да пристапат на кинескиот пазар.

Борел вчера пристигна во Кина, а на дневен ред на посетата, меѓу другото, се одбраната на европската стратегија за „намалување на ризикот“ и поставувањето на темелите за самитот ЕУ-Кина кон крајот на оваа година. паг/

Фото: ЕПА


 

 

Остани поврзан