• четврток, 26 декември 2024

Борбата против корупцијата во пракса сè уште на незадоволително ниво, свеста кај граѓаните зголемена

Борбата против корупцијата во пракса сè уште на незадоволително ниво, свеста кај граѓаните зголемена
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) – Борбата против корупцијата во пракса е ретко видлива и таа е само теоретска, сепак свеста на граѓаните во однос на штетните последици од корупцијата е се поголема,  порачаа учесниците на денешната завршна конференција во рамки на проектотСледење на националните активности во борбата против корупцијата“ која се одржа денеска во Скопје.  На настанот покрај останатите институционални претставници присуствуваа и претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Биљана Иванова, кои ги истакнаа заклучоците од континуираното следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, планот за борба против корупцијата „Акција 21” и Планот за политики за добро владеење, во рамките на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“. Претседателката на Институтот за човекови права, Николовска потенцира дека вистинска ефикасна и ефективна борба против корупцијата, е сè уште на нездоволлително ниво, како и дека постои големо незадоволство кај граѓаните, и генерално мислење дека има многу корупција во секој сегмент на општествениот живот. -Она што претставува најголем проблем е сузбивањето на корупцијата во исто време и праксата во насока на одговорност за оние кои ја предизвикале, ја поддржувале, ја прават таа корупција е на многу ниско ниво. Овој проект повеќе се однесува на она што се сега Националните активности во борбата против корупција. Она што значи активност во пракса, она што значи покажување вистинска, ефикасна и ефективна борба против таа корупција, се уште не сме на некое завидно ниво или да кажам дека сме на почетно ниво, изјави Николовска. Во однос на извештајот кој произегува од Националната стратегија таа додаде дека Собранието сè уште нема преземено активности да го стави на дневен ред и на дискусија Извештајот на Антикорупциска, а од тој извештај треба да се извлечат заклучоци и да се види реалната слика што е направено, што треба да се направи, и како да се реализира таа стратегија. -За жал Собранието не смогна сили да го стави на дневен ред и да дискутира, а од тој извештај треба да се извлече како да се реализираат. Голем број институции имаат свои планови за борба против корупција, но се уште е на ниво на теорија, во пракса се уште немаме некои резултати. Институитот во иднина ќе се впушти повеќе на монтироринг на активностите на органите кои се надлежни за борба против корупцијата, тука се покрај Комисијата и Судството и Обвинителство, адвокатурата, правобраниотелството, се во насока да видиме реакција, и реализација во праксата, изјави Николовска. Појасни дека во пракса сите овие теоретски прикажувања и документи ќе треба да се следат и да се оцени дали борбата против корупцијата е вистинска или само теоретска. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Биљана Иванова, со цел да ги истакне предизвиците во спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, подвелече дека се уште се чека на усвојување на нивниот извештај во Собранието. – Ние до 31 март 2022 година го доставивме годишниот извештај за исполнување на активности предвидени во Националната стратегија, беше разгледан само од страна на Комисијата за политички систем, со укажување дека понатаму треба да биде ставен на пленарна Седница и Собранието да го усвои, ова би ни го отворило патот да понатаму ја дополниме Стратегијата, бидејќи секоја година вршиме дополнување односно апдејтирање на ризиците од корупција по одделни сектори, но претходно треба да се усвои овој извештај, изјави Ивановска. Потенцира дека од страна на Собранието добиле позитивни сигнали кои предизвикале очекувања дека извештајот ќе биде усвоен во најскоро време. -Се надевавме дека ќе биде усвоен, бидејќи минатата година ни беше ветено во Собранието дека доколку некој од Секторите не ги исполнат активностите кои се предвидени, ќе бидат свикани надзорни Комисии пред кои што одговорните ќе дадат отчет за причините поради кои не биле спроведени активностите, тоа беше охрабрувачки, работевме напорно, но за жал, ниту активностите се завршени, само 20 проценти се реализирани, ниту пак некој е повикан на отчет, потенцира Ивановска. Како што информира таа, иако не може да се видат видливи резултати во пракса, според претставките поднесени до Комисијата свеста кај граѓаните се менува, односно атмосферата се менува во позитивна смисла. Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска пак, од друга страна рече дека прогресот во борбата против корупцијата, сепак, бара енергија и постепена работа. -Има можности да се подобри состојбата и да се засили ангажираното на институциите во ланецот на борба против корупција. Ние во овој краток период остваривме добра, би рекла одлична соработка со Антикоруцписка комисија, со Државниот завод за ревиизија, редовно покренуваме прашања, и даваме насоки во исполнување на препораките. Свесна сум дека за жал ваквиот прогрес не може да биде преку ноќ, ова се политики кои бараат многу енергија за доближување сентиметар по сантиметар, но важна е главната цел, меѓутоа динамиката од нас е крајно максимална можна, но за покренување повидливи резултати во јавноста треба повеќе време, појасни Грковска. Изрази задоволство од одговорот на институциите, односно нивната расположеност за соработка со Кабинетот. -Јас сум задоволна, заклучоците кои ги доставивме како информации за одредени состојби, иако немаме право да ги задолжуваме институциите кои што не се владини, станува збор за укажувања и препораки до единиците на локалната самоуправа, за некои политики имаме позитивен фидбек дури и од одредени учлилишта и одредени општини без разлика што тоа не е задолжување, туку препорака. Тоа ми дава за право да констатирам дека Кабинетот е успешен во таа смисла, бидејќи очигледно е дека недостасувала ваква координираност досега, оцени таа. На настанот присуствуваа и претставникот од Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, Агим Нухиу, заменик министер за правда, во однос на заложбите на Министерството за правда во однос на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за периодот 2023-2028. Проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје. Главната цел на овој проект е следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси преку исполнување на мерките на Владата на Република Северна Македонија и иницијативите кои се составен дел на планот на Владата во борбата против корупцијата насловен како „Акција 21”.свс/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан