• сабота, 23 ноември 2024

Борачот Нуров утре го заокружува настапот на македонските олимпијци во Токио

Борачот Нуров утре го заокружува настапот на македонските олимпијци во Токио
Токио, 5 август 2021 (МИА) – Македонскиот олимписки состав утре рано наутро ќе го има својот последен претставник на Игрите во Токио во борачот Магомедгаџи Нуров, кој ќе настапи во категоријата 97 килограми слободен стил. Нуров допатува во Токио со обезбедена олимписка норма, а негов прв противник во квалификациите ќе биде Тунижанецот Мохамед Садуи. Доколку го совлада Садуи, македонскиот борач во четвртфиналето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Александар Хуштин од Белорусија и Кубанецот Раинерис Перез Салас, а во полуфиналето потенцијален противник може да му биде „рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев, кој ќе се бори со Шариф Шарифов од Азербејџан. Првата борба на Нуров е закажана за утре наутро со почеток во 4:30 часот.ег/свс/

Остани поврзан