• сабота, 27 јули 2024

Борачот Нуров обезбеди прв медал за македонските спортисти на Медитеранските игри

Борачот Нуров обезбеди прв медал за македонските спортисти на Медитеранските игри
Оран, 27 јуни 2022 (МИА) – Борачот во слободен стил во категоријата до 97 килограми, Магомедгаджи Нуров, го обезбеди првиот медал за македонските спортисти на Медитеранските игри, откако вечерва обезбеди пласман во финалето со победа над Мостафа Елдерс од Египет. Нуров избори место во утрешното финале со убедлива победа вечерва од 6-1 на поени против неговиот египетски противник. Претходно на Медитеранските игри, чиј домаќин е алжирскиот град Оран, македонскиот борач Нуров обезбеди три победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија. ег/ки/

Остани поврзан