• среда, 25 декември 2024

Бонучи: Најубавата титула, затоа што беше најтешка за освојување

Бонучи: Најубавата титула, затоа што беше најтешка за освојување
Торино, 27 јули 2020 (МИА) - Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека оваа сезона титулата во италијанскиот шампионат е најтешка за освојување од деветте последователни за клубот од Торино. Јувентус ја обезбеди 36-тата италијанска титула во неделата, деветта по ред, со победа од 2:0 над Сампдорија. - Ова е најубавата титлуа, затоа што беше најтешка. Започнавме нова ера, нова филозофија, наидовме на многу потешкотии, но продолживме да даваме се од себе, дури и кога имаше „лизгања“. Беше многу комплицирано и надвор од теренот, светот се смени за три месеци. Моравме повторно да се концентрираме на фудбалот, но успеавме. Го сакавме тоа, се мачевме ... Направивме се за да го освоиме трофејот за себе, за клубот, за оние кои навиваа од дома или од небото, рече Бонучи за „Скај Италија“. Бонучи исто така изјави дека тимот понекогаш се борел со филозофијата на Маурицио Сари. - И покрај тоа, ние останавме тим, работевме како големи луѓе, повеќе отколку како големи играчи. Сега ќе се обидеме да се одмориме, имаме десет дена да се подготвиме за следниот предизвик, додаде Бонучи. Фудбалерите на Јувентус ги очекува реванш од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион. Францускиот клуб славеше со 1:0 во првиот натпревар, одигран во Торино во февруари.

Остани поврзан