• среда, 25 декември 2024

Боно откри оти има полубрат

Боно откри оти има полубрат
Лондон, 27 јуни 2022 (МИА) - Боно Вокс, пејачот на ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“, ѝ откри на јавноста дека има полубрат за кој со десетлетија не знаел дека постои. - Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, за кого не знаев дека го имам... Дознав за својот полубрат во 2000 година, па и „се помирив“ со тоа, рече Боно (со вистинско име Пол Дејвид Хјусон) за „Би-би-си рејдио 4“. Пејачот притоа додаде дека неговата мајка Ајрис, која починала 1974 година, не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена. - Тоа е многу блиско семејство и сфатив дека татко ми има длабоко пријателство со таа убава жена... И потоа, добиле бебе. И сѐ тоа беше чувано во тајност, појасни Боно. Боно дознал за тоа од татко му Боб пред неговата смрт во 2001 година. - Го прашав дали ја сака мајка ми и тој рече „да“. Реков: Тогаш, како можеше да се случи тоа?“ А, татко ми одговори: „Е па, можеше“. Не ми се извини, само ми рече - „се помирив со тоа“, раскажува Боно.  си/

Остани поврзан