• петок, 27 декември 2024

Боно од „Ју-ту“ во потрага по опрема за ирските болници

Боно од „Ју-ту“ во потрага по опрема за ирските болници
Даблин, 14 април 2020 (МИА) - Предводникот на рок-групата „Ју-ту“, Боно Вокс ја користи својата популарност, па низ целиот свет бара помош и опрема за ирските болници.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин добил писмо од пејачот, каде што го моли за заштитна облека и тестови за коронавирус. Тие двајца се запознале лани, кога ирскиот бенд имаше концерт во Јужна Кореја.

Како што објави „Гардијан“, Боно остварил комуникација и со директорот на Епл - Тим Кук и основачот на интернет-страницата Алибаба - Џек Ма, со истата молба.

Самите музичари од групата претходно ветија донација од 10 милиони евра за болничарите во Ирска.

Во земјата досега има околу 10.000 заболени од коронавирусот и над 330 починати.  си/сд/

Остани поврзан