• четврток, 26 декември 2024

Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на починатиот Алексеј Навални

Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на починатиот Алексеј Навални

Лас Вегас, 19 февруари 2024 (МИА) - Предводникот на ирската поп-рок група „Ју-ту“ - Боно го скандираше името на Алексеј Навални со публиката на концертот во Лас Вегас, САД.

- Путин никогаш не би го кажал неговото име. Затоа, мислев, вечерва луѓето кои веруваат во слободата треба да го изговорат неговото име, рече пејачот.

„Толпата вечерва го воспева... АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ,“ напиша Боно на мрежата „Х“.

Опозицискиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални почина на 16 февруари годинава, на 47-годишна возраст. Како што соопшти руската затворска управа, тој бил затворен во Поправната колонија бр. 3 во Округот Јамало-Ненец.  си/ссм/

Фото: МИА

Остани поврзан