Бонмати ја освои „Златната топка“ кај дамите
- Фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка, 26-годишната Аитана Бонмати, втора година по ред ја добива „Златната топка“ во женска конкуренција.
Париз, 28 октомври 2024 (МИА) - Фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка, 26-годишната Аитана Бонмати, втора година по ред ја добива „Златната топка“ во женска конкуренција.
Наградата е сосема заслужена бидејќи беше најдобра фудбалерка на Барса во сезоната во која Каталонките на доминантен начин ја освоија Лигата на шампионите и сите три трофеи во Шпанија - првенство, Куп и Суперкуп.
Таа го освои и трофејот од Лигата на нациите со репрезентацијата на нејзината земја. дс
Фото: Принтскрин