• среда, 18 декември 2024

Бомгартнер: Нашиот став не е променет, но сè зависи од можноста Скопје и Софија да постигнат договор

Бомгартнер: Нашиот став не е променет, но сè зависи од можноста Скопје и Софија да постигнат договор
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Францускиот став во однос на Северна Македонија во ЕУ не е променет, но сè зависи од можноста двата главни града, Скопје и Софија, да постигнат договор, изјави вечерва амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер. - И тој договор кога и едната и другата страна ќе го потврдат ќе може да се оди напред. Затоа е многу важно да се води дијалог помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Сега се наоѓаме во фаза кога ставовите се прецизираат од двете страни на границите, вели Бомгартнер во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Амбасадорот вели дека тие како држава претседавач со Советот на Европската Унија и со сите партнери и европски институции го следат со големо внимание сето она што се случува во земјата. - Тука сме да бидеме претпазливи, но и стоиме на располагање да бидеме корисни, нели откако страните ќе сметаат дека тоа е неопходно, но целта е секогаш истата тоа значи да се постигне праведен договор за двете страни за да можат во европски рамки без да се чека да се отворат преговорите за членство за Северна Македонија и за Албанија. И ќе додадам дека поради важноста на ова прашање кое што го следи и самиот претседател на Републиката за развојот на сите земји од регионот за време на француското претседателство ќе се организира посебна конференција помеѓу Европската Унија и земјите од западен Балкан и таа конференција ќе биде организирана во текот на месец јуни, вели Бомгартнер. Тој оцени дека се има чувство дека она што се нарекува бугарско вето постои со децении. - Зошто, затоа што земјата е кандидат од 2005 година, но тоа не е точно затоа што за прв пат беше кажано не во 2020 година, односно година и пол. Можеби е долг период година и пол, меѓутоа ако се земе во предвид целиот тој процес на европска интеграција станува збор за краток период. Она што сакам да го кажам сега е дека немој да мислите дека нема единство кај Европејците, вели амбасадорот. Бомгартнер истакна дека прашањето околу раздвојувањето на Македонија и Албанија од патот кон ЕУ било поставено неколкупати во Брисел, а за тоа се изјасниле и претставниците на земјите членки. - Она што е јасно е дека не постои согласност за раздвојување. И треба да знаеме дека раздвојувањето од правна гледна точка е неосновано затоа што ништо правно не го оправдува тоа раздвојување. Затоа што секој треба да напредува според сопствените постигнувања, а отворањето на преговорите за членство е стратешки момент и поради политички, а не правни причини државите членки сметаат дека не треба да се раздвојуваат двете земји. И тој став што е политички е тесно поврзан со перспективата и можноста да се постигне договор на билатералното прашање помеѓу Северна Македонија и Бугарија и тоа беше директно поврзано со развојот на внатрешните состојби во Бугарија, затоа што се сеќавате минатата година имаше последователно три парламентарни изборни циклуси и дури по третите парламентарни избори се основаше влада, декември минатата година, вели Бомгартнер. Тој додаде дека Франција смета дека Северна Македонија и Албанија поради географски и историски причини треба да станат држави членки на Европската Унија Според него, кога претседателот на републиката го пречекал поранешниот премиер Зоран Заев во Елисејската палата отишол и подалеку во својата јавна изјава, подвлекувајќи дека Северна Македонија заслужува отворање на преговорите за членство поради извонредниот пат кој што го помина во последните години. Претседателот на Европското движење во Франција, Ив Бертончини, пак, посочи дека Бугарија скапо ќе ја чини задржувањето на ветото и оти не може да си го дозволи тоа. Според него, „ако Бугарија е задоволна што постои тој билатерален спор, а сепак има преговори што се водат со Северна Македонија и ако тие преговори успеат и ако Бугарија во таков контекст и со толкав геополитички притисок ако сака да го задржи своето вето, политички ќе ја чини многу скапо“. - Но јас не мислам дека таа може да си го дозволи тоа, оцени Бертончини. нд/ Фото: МИА архива    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан