• вторник, 24 декември 2024

Бомбаш самоубиец уби пет кинески работници во Пакистан

Бомбаш самоубиец уби пет кинески работници во Пакистан

Исламабад, 26 март 2024 (МИА) - Најмалку шест лица, вклучително и пет кинески работници, загинаа кога бомбаш-самоубиец удри во нивното возило во северозападен Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти, пренесе ДПА.

Инцидентот се случил во близина на областа Бишам, во нестабилната провинција Кубер Пахтунхва, која се граничи со Авганистан.

-Најмалку пет Кинези беа убиени во самоубиствениот напад, изјави Ѓул Наем, претставник на локалната полиција за ДПА.

Меѓу загинатите е и пакистанскиот возач на комбето.

Наем изјави дека конвојот со кинески работници и инженери бил на пат кон Дасу, каде што се гради кинеска хидроцентрала, кога автомобил кој доаѓал од спротивната насока удрил во нивното возило.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот, но исламистичките милитанти поврзани со пакистанските талибанци, кои се разликуваат од нивните авганистански колеги, и националистичките бунтовници често ги напаѓаат кинеските интереси во Пакистан. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан