• четврток, 26 декември 2024

Бол стана најмладиот играч во историјата на НБА што постигнал трипл-дабл

Бол стана најмладиот играч во историјата на НБА што постигнал трипл-дабл
Шарлот, 10 јануари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, се запиша во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој оствари трипл-дабл. Ноќеска на мечот со Атланта, Бол постигна 22 поени, 12 скока и 11 асистенции. Играчот до ова достигнување дојде на возраст од 19 години и 140 дена. Претходниот рекорд му припаѓаше на Маркел Фулц од Орландо кој двоцифрен ефект во три статистички категории имаше со 19 години и 317 дена. Бол на теренот мина 31 минута и 11 секунди и беше еден од најзаслужните за победата на Шарлот со 113:105. зс/

Остани поврзан