• среда, 18 декември 2024

Болт се повреди на хуманитарен фудбалски натпревар

Болт се повреди на хуманитарен фудбалски натпревар


Лондон, 10 јуни 2024 (МИА) - Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, легендарниот јамајкански спринтер Усеин Болт се повреди за време на хуманитарен фудбалски натпревар одигран во неделата во Лондон.
Болт беше дел од селекцијата на Светот против Англија, за која настапија и некои поранешни англиски фудбалери, на натпреварот наречен „Сокер Ејд“ одигран на Стемфорд Бриџ.
„Лекарите дијагностицираа напукнување на ахоловата пета,, но знаете дека јас сум воин“,објави осумкратниот олимписки шампион Болт преку социјалните мрежи со фотографија од која на неговата десна нога може да се види лонгета.
Ривалот на Болт од натпреварувачките денови, американскиот спринтер Џастин Гетлин, реагираше на оваа објава: - Брат, па што правиш?!?! Ние сме во пензија, се сеќаваш“, напиша Гетлин со насмевка. ег ФОТО: икс

Остани поврзан