• среда, 25 декември 2024

Болсонаро стави вето на законот за бесплатни хигиенски средства за жените

Болсонаро стави вето на законот за бесплатни хигиенски средства за жените
Бразилија, 18 октомври 2021 (МИА) - Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро стави вето на законот со кој треба да се обезбедат бесплатни тампони и влошки за жените и девојчињата во училиштата.
Со месеци се дебатира за воведување бесплатни хигиенски средства во јавните училишта, во земја во која милиони жени немаат пари за лична хигиена, пишува Дојче веле.
Според претходниот извештај на УНИЦЕФ, околу четири милиони девојчиња во Бразил не одат на училиште додека имаат менструација, а една четвртина воопшто немаат пари за тампони и влошки, додека истиот проблем ги засега и жените во затворите, како и бездомничките. Државата треба да одвои 13 милиони евра годишно за овој закон, а министерката за жени и семејство, Дамареш Алвеш ја поддржа одлуката на Болсонаро и рече: „Мораме да одлучиме, вакцинација или тампони“.
Претседателот на Сенатот, Родриго Пачеко го отфрли аргументот дека нема доволно пари во државниот буџет. - Во Бразил, толку пари се даваат насекаде, неприфатливо е младите жени кои живеат во сиромаштија да останат со празни раце, рече тој.
Според Уставот, Пачеко, како претседател на Сенатот, има рок од 30 дена откако претседателот стави вето за да свика седница на Сенатот и Парламентот.
- Има голема шанса Конгресот да го укине ветото со гласање, рече Пачеко. паг/
   

Остани поврзан