• среда, 25 декември 2024

Болсонаро со шетање и ракување уште еднаш покажа дека е против социјалната дистанца

Болсонаро со шетање и ракување уште еднаш покажа дека е против социјалната дистанца
Бразилија, 10 април 2020 (МИА) - Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска прошета по улиците на Бразилија  поздравувајќи ги минувачите и приврзаниците, со што уште еднаш јавно покажа колку се противи на мерките за социјална изолација  во борбата против епидемијата на коронавирусот. Болсонаро, имено, инсистира на борба против невработеноста, дури и во услови на новонастанатата здравствена криза. Заради тоа повеќепати доаѓаше во судир со гувернерите, па дури и со министерот за здравство, кои заговараат мерки на социјално (физичко) дистанцирање, а која има силно негативно влијание врз економијата. Британските медиуми пренесуваат дека популарноста на бразилскиот претседател драстично опадна во текот на кризата заради коронавирусот и се повеќе Бразилци му се лути за неговиот став за Ковид-19, што тој го нарекува „мала настинка“. Болсонаро денеска за време на дравниот празник посети една воена болница, потоа влезе во една аптека и на крајот посети еден од своите синови во станбена зграда, покажуваат снимките од телевизијата. Некои од граѓаните го поздравуваа, но повеќето лути удираа во тенџериња од своите домови во знак на протест против неговото ноншалантно однесување. сд/

Остани поврзан