• среда, 25 декември 2024

Болсонаро пуштен од болница по лекување на бактериска кожна инфекција

Болсонаро пуштен од болница по лекување на бактериска кожна инфекција

Бразилија, 5 мај 2024 (МИА) - Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница откако претходно вчера бил примен на лекување поради бактериска инфекција на кожата во северниот град Манаус, изјави неговиот портпарол Фабио Вајнгартен.

Тој додаде дека Болсонаро од ноември 2022 година има еризипел - кожна болест, еден месец откако ги загуби претседателските избори од левичарот Луис Игнасио Лула да Силва.

Болсонаро зачера присуствуваше на настан во Манаус заедно со неговите поддржувачи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан