• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Болницата Аџибадем Систина се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани

Болницата Аџибадем Систина се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) -Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

-Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти, наведуваат од болницата.

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и  медиицнски тим на болницата неопходен за итен третман. вг/

Фото: Клиничка болница „Аџибадем Систина“ 

Остани поврзан