• четврток, 26 декември 2024

Болидите на Ферари од несреќи во 2021 година направија штета од 2,5 милиони евра

Болидите на Ферари од несреќи во 2021 година направија штета од 2,5 милиони евра
Маранело, 11 август 2021 (МИА) - Извршниот директор на Ферари, Матија Биното, соопшти дека Скудерија потрошила повеќе од 2,5 милиони евра за обнова на автомобилите на Шарл Леклер и Карлос Саинц во 2021 година. Ограничувањето на трошоците, воведено оваа сезона, ги ограничува трошоците за тимовите на Формула 1 на 145 милиони долари годишно. - Ако ја изброиме штетата од сите несреќи од првата трка во Бахреин до последната во Унгарија, таа ќе надмине 2,5 милиони евра. Ова покажува колку сериозни биле инцидентите. Треба да оставиме резерва во буџетот, бидејќи никогаш не знаете какви изненадувања чекаат во вториот дел од сезоната, изјави Биното. Според него, сумата вклучува штета и од судир со ривали и од несреќи кои возачите ги предизвикале самостојно. зс/

Остани поврзан