• среда, 25 декември 2024

Боки 13 спроведен во затворот во Идризово

Боки 13 спроведен во затворот во Идризово

Скопје, 22 јули 2021 (МИА) - Бојан Јовановски – Боки 13 денеска околу 15 часот е спроведен во затворот во Идризово, каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврди за МИА директорот на Казнено-поправната установа „Идризово“, Јовица Стојановиќ.

Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје вчера ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и на јавниот обвинител во предметот, во јавноста познат како „Рекет“, и првостепената пресуда ја потврди во целост.

Наредбата Јовановски да биде префрлен во Идризово ја издаде судија за извршување санкции од Кривичниот суд, откако денеска до Судот пристигнала одлуката на Апелација со која се потврдуваат казните. ар/сп/

Остани поврзан