• сабота, 23 ноември 2024

Божиќно послание на митрополит Повардарски Агатангел

Божиќно послание на митрополит Повардарски Агатангел

Велес,6 јануари 2024 (МИА) - Митрополитот Повардарски Агатангел во пресрет на Христов ото раѓање - Божиќ го упати своето традиционално Божиќно послание обраќајќи им се на православните верници со зборовите „да го возвишиме својот ум и разум, да се очистиме и да ја претвориме нашата внатрешност во удобно уреден дом во кој ќе ја примиме небесната светлина која води во богопознание“.

-Овој празник нека им биде одмор од секоја неволја. Нека ни биде почеток на радоста која никогаш не престанува. Нека ја подигне Господ Својата света десница и нека го благослови македонскиот народ, нека ја крепи и заштитува нашата земја и нашата духовна мајка - Македонската православна црква - Охридска архиепископија,порача Митрополитот Агатангел.

Господ Исус Христос, порачува митрополиот Агатангел, нека им биде верен сопатник на сите оние кои минуваат низ тешкиот лавиринт на животните искушенија.

-На сите оние што страдаат и боледуваат нека им помогне нашата заедничка молитва.

На крај од посланието заврши со традиционалниот поздрав за Божиќ, Христос се роди, навистина се роди!. ад/нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан