• среда, 18 декември 2024

Божиновска на Министерски совет на ЕЗ во Австрија 

Божиновска на Министерски совет на ЕЗ во Австрија 

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е во работна посета на Виена, Австрија, каде утре ќе учествува и ќе се обрати на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница (ЕЗ).

-Министерски совет на Енергетската заедница, ќе ги собере министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница. На овој годишен состанок, ќе се дебатира околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата, како и теми поврзани со управувањето со водите, живеалишта и дивите птици во насока на идното воведување на дополнителни законодавни обврски од овие области, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На состанокот на Енергетската заедница заедно со министерката Божиновска, присуствува и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан