• недела, 24 ноември 2024

Божиновска: Арсовска мисли дека бесплатен јавен превоз е приватните превозници да возат бесплатно за ЈСП

Божиновска: Арсовска мисли дека бесплатен јавен превоз е приватните превозници да возат бесплатно за ЈСП
Скопје, 12 мај 2022 Поради неспособноста на Данела Арсовска од денеска целата општина Шуто Оризари е отсечена од јавниот автобуски превоз. Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат. Со тоа се десеткуваше возниот ред на автобусите, а кон Шуто Оризари автобуси речиси и не сообраќаат биде со линиите „19“ и „20“ располагаат приватните превозници. Во време на економска криза, Арсовска не ги исплаќа своите обврски, а десетици илјади граѓани се оставени без автобуски превоз и имаат дополнителни трошоци за да стигнат до своите работни места. Арсовска докажа дека не е способна да го менаџира и актуелниот систем на јавен превоз, а не пак да набави нови 250 автобуси и да воведе бесплатен јавен превоз. Или Арсовска можеби мисли дека бесплатен автобуски превоз подразбира приватните превозници да водат бесплатно за ЈСП и Град Скопје? Шест месеци потроши Арсовска од мандатот а не само што не реализира ниту еден проект, туку прекина и важни проекти од нејзиниот претходник. Освен за личните и интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не се грижи за ништо, ги заборави граѓаните, а градската администрација и јавните претпријатија ги наполни со партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Арсовска дефинитивно е најнеуспешниот градоначалник на Скопје и најголемо разочарување за скопјани. Лилјана Божиновска, советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.   https://www.youtube.com/watch?v=7FENgPFGiqI

Остани поврзан