• среда, 13 ноември 2024

Богојавление ќе се прославува утре во кумановско

Богојавление ќе се прославува утре во кумановско
Куманово, 18 јануари 2021 (МИА) - Во кумановско во црквите утре ќе се служи утрена богослужба со литургија, по што ќе следи богојавленски водсвет, информираа денеска од кумановско-осоговската епархија. За разлика од претходните години, оваа година нема да се фрла крстот ниту во проточни води, ниту во базените со цел да се избегне масовно собирање на верниците и да се почитуваат препораките на здравствените власти. - Ги покануваме верниците на присуствуваат на литургијата, да го прослават празникот, секогаш да имаме на ум дека овој празник е во спомен на крштението Христово, после кое и ние добиваме нов живот во Христа. Утрената богослужба почнува во седум, литургијата во осум часот во сите цркви во епархијата-изјави портпаролот на КОЕ, свештеник, Игор Здравковски. Верниците ќе можат да пресечат и колач, да си земат од осветените води и да се помолат за здравје и спасение. ам/нд/

Остани поврзан