• среда, 25 декември 2024

Богослужби во повеќе верски храмови во Кичевско по повод празникот Успение на Песвета Богородица

Богослужби во повеќе верски храмови во Кичевско по повод празникот Успение на  Песвета Богородица

Кичево, 28 август 2021 (МИА) - По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, во кичевскиот црковен храм одбележувањето почна синоќа со вечерната богослужба. Денеска на самиот празник, најпрво беше отслужена Утрена богослужба во 7:30 часот, додека од 8 часот се одржа Света Божествена Литургија.

Освен во Кичево, богослужби ќе се одржат и во повеќе села во Кичевско, чиј  храм го носи името на мајката божја.

- По повод големиот верски празник Голем Богородица, ќе се одржат богослужби во повеќе села во општината, чиј патрон на црковниот храм е мајката божја.Така денес богослужби ќе има во селата Кладник,Цер,Добреноец и Душогубица.При ова одбележување во црквите ќе има славски колач но без прослави со кумови, поради превенција од ковид-19. Боголужбите ќе ги одржат свештеници од кичевскиот црковен храм, истакна отец Александар Матески.

Тој потсети дека одбележувањето на овој празник во манастирот „Света Пречиста Богородица“ нема да се одржи и одбележувањето ќе се случи во „Свети Јован Бигорски“. Додека во овој манастир традиционално одбележување ќе има за празникот „Мала Богородица“.за/бт/

Остани поврзан