• вторник, 24 декември 2024

Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните

Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) - Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што наведуваат, дополнително овозможува поголема контрола на процесите.

- Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во процесот на интеграција кон ЕУ, истакнал Богоев. мд/

 

Остани поврзан