• сабота, 23 ноември 2024

Богоев: Со мерки за олеснување на трговијата до зголемување на конкурентноста на македонските компании

Богоев: Со мерки за олеснување на трговијата до зголемување на конкурентноста на македонските компании

 Скопје, 22 април 2024

Царинската управа како партнер на македонското стопанство е посветена на спроведување реформски политики што треба да овозможат забрзан раст на економијата и интеграција во единствениот пазар на ЕУ.  Денеска со „Синпекс“, домашна компанија за земјоделска и градежна механизација, со остварен увоз во 2023 од 1,2 милијарди денари, разговаравме за тековните активности што ги преземаме за олеснување и забрзување на трговијата, како и сузбивање на сивата економија, рече директорот на Царинска управа, Стефан Богоев при посетата на „Синпекс“ во Битола.

СпКонтинуираниот дијалог со македонските компании е во насока на креирање ефективни политики и мерки и подобрување на конкурентностa на меѓународните пазари. Царинската управа активно работи на подобрување на условите за водење бизнис, сузбивање на криминалот и корупцијата, но и собирање повеќе приходи во Буџетот, односно повеќе пари за инфраструктура, здравство и образование“, вели Богоев.

Компанијата „Синпекс“ поседува одобрение за царинско складирање и одобрение за овластен примач што им овозможува поедноставено спроведување на транзитни постапки. 

Царинска управа

фото: Царинска управа

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан