• среда, 25 декември 2024

Богоев: Создаваме услови за поголеми инвестиции, американската „Амфенол Технолоџи Македонија“ со континуиран раст на извозот

Богоев: Создаваме услови за поголеми инвестиции, американската „Амфенол Технолоџи Македонија“ со континуиран раст на извозот

Кочани, 24 октомври 2023 (МИА) – Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на денешната средба со генералниот директор на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во Кочани, Сашко Наков, нагласи дека создавањето услови за поголеми инвестиции во државата се потврдува и преку работењето на овој стопански капацитет кој има континуиран раст во извозот.

-Подобрувањето на условите за водење бизнис преку олеснување и забрзување на трговијата е еден од најголемите приоритети на Царинската управа. Извозот на американската компанија „Амфенол“ е во континуиран пораст, во 2021 година изнесува седум милијарди денари, во 2022 година 8,8 милијарди денари, а годинава, за неполни 10 месеци компанијата оствари извоз од 7,8 милијарди денари. Нашите заложби се создавање услови за поголеми инвестиции преку зголемување на ефикасноста на Царината, истакна Богоев.

На средбата беше нагласено и дека компаниите ги чувствуваат бенефитите од ефикасноста на Царинската управа преку континуираното спроведување на мерки и активности за ефикасна трговска политика.

-Свесни за улогата која ја имаме, Царинската управа и понатаму како сервис за стопанството ќе води ефикасна трговска политика, којашто ќе им овозможи на компаниите да ја подобрат својата конкурентност на меѓународниот пазар. Ефектите од ваквите политики ќе ги почувствуваат и компаниите и граѓаните, додаде Богоев.

Во 2022 година состојбата на странските директни инвестиции од САД изнесува 153,1 милиони долари, што е за околу 24 проценти повеќе од 2021 година и за 48 проценти повеќе од 2020 година.

Во рамки на посетата на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, која одбележува 10 години од работењето, на директорот Богоев му беше врачена и плакета за успешна соработка со Царинската управа. та/цр

фото: Царинска управа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан