• сабота, 23 ноември 2024

Богоев: Системот што ќе се развие со грант од Кореја ќе детектира сомнителни пратки

Богоев: Системот што ќе се развие со грант од Кореја ќе детектира сомнителни пратки

Скопје, 19 октомври 2023

Доколку некоја компанија 10 пати во месецот увезува редовно едни производи, а само еднаш месечно се увезува различна пратка која не е типична за неа, тогаш ИТ системот што ќе се развие и имплементира со грант од Република Кореја ќе алармира за можен ризик, што треба да се провери и контролира, вели директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во интервју за ТВ 24. Овој систем е во насока на зголемување на приходите во Буџетот и борба против организираниот криминал. Ова значи повеќе пари во Буџетот за болници, за автопати, за училишта, пензии, плати и слично, вели директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во интервју за ТВ 24.

Богоев потенцира дека системот подразбира имплементација на хардвер и софтвер за податочен склад и користење алатки за вештачка интелигенција за обработка на податоците во насока на откривање можни ризици.

-Очекуваме овој хардвер и софтвер да ни помогнат во клучните цели на Царинската управа. Нашата цел е да собереме повеќе пари во Буџетот, да бидеме партнер на бизнис заедницата и третата цел е борба против организираниот криминал и корупцијата што повторно придонесува за повеќе приходи во Буџетот. И тука компромис нема, вели Богоев.

Истовремено како што потенцира, во рамки на грантот ќе се спроведуваат тренинзи за царинските службеници за користење на опремата.

Богоев вели дека покрај имплементацијата на проекти чија цел е подобрување на перформансите на Царинската управа, клучно е да се инвестира во развој на човечкиот капитал се со цел ефикасно управување со истите. Притоа клучно ќе биде и намалување на степенот на корупција.

Во оваа насока Богоев потенцира дека работат на подобрување на условите за работа на царинските службеници, но и санкции за оние кои го прекршуваат законот. Подобрување на условите за работа, потенцира тој, ќе бара подобрување на перформансите.

Корупцијата во рамки на Царинската управа како што вели ќе се намали и преку механизми на кои се работи во рамки на проект со Трезорот на САД.

 

Царинска управа

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан