• среда, 25 декември 2024

Богоев: СДСМ реализира мерки за помош од над 750 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нанесуваат штета врз граѓаните и државата

Богоев: СДСМ реализира мерки за помош од над 750 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нанесуваат штета врз граѓаните и државата
Скопје, 11 ноември 2022 Владата предводена од СДСМ користи механизми за помош на ранливи категории граѓани, за домашните компании за да се справат со последиците од кризата, додека ВМРО-ДПМНЕ нанесува само штета, порача вечерва во емисијата „Клик плус“ потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев. „Во време на најголема светска економска криза, во целиот свет гледаме конструктивност, само кај нас опозицијата не стои на нивото на задачата, напротив, само прават штета и предизвикуваат паника кај народот, како оние изјави на Мицкоски дека ќе снема јаглен, што излезе дека е лага, дека денеска имаме јаглен. Мицкоски даваше идеја да складираме гас кога цената му беше највисока, па ако постпевме така сега ќе имавме штета од 100 милиони евра. Дури и кога пробува да глуми конструктивност тоа го прави на неумесен начин, со апокалиптични изјави.“ порача Богоев. Потпретседателот Богоев оцени дека со потпишувањето на договорот со Фронтекс, пропаднаа сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе се нарекувал бугарски, дека ќе имало асимилација и бугаризација. Осврнувајќи се на трибините што ги организира СДСМ, Богоев посочи дека тие се организираат со цел изворно да се слушне мислењето на граѓаните, да се претстават мерките вредни над 760 милиони евра и да се добие повратен ефект од граѓаните за ефикасноста на мерките. Во однос на барањето за предвремени избори од страна на Христијан Мицкоски Богоев посочи дека тоа служи само за внатрепартиска употреба на Мицкоски, додавајќки дека парламентарното мнозинство е стабилно, а дека граѓаните не бараат избори, туку сакаат поддршка во справување со кризата и напредок на патот кон ЕУ, две работи што не би биле возможно да се реализираат доколку државата е во предизборен период. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан