• петок, 04 октомври 2024

Богданчанец осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка

Богданчанец осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка

Струмица, 15 јуни 2024 (МИА) - Синоќа на полноќ во Богданци полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Г.(52) од Богданци.

Како што соопштија од СВР Струмица, тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.

-Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, инфомираа од овој сектор на МВР.

Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. рт/хс/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан