• недела, 24 ноември 2024

Богатството на Трамп од 2017 до 2021 година се намали за 700 милиони долари

Богатството на Трамп од 2017 до 2021 година се намали за 700 милиони долари
Вашингтон, 18 март 2021 (МИА) - Богатството на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп се намали за 700 милиони долари за време на мандатот од јануари 2017 до 2021 година, објави Блумберг. Пред да ја преземе функцијата, Трамп имаше богатство од три милијарди долари, а сега изнесува 2,3 милијарди долари. Главниот дел од неговото богатсво се деловни згради, хотели и одморалишта. Пандемијата на Ковид-19 влијаеше на приходите на Трамп, а неговиот имиџ е нарушен од нападот врз Конгресот на 6 јануари. Медиумите забележуваат дека нападот негативно се одрази и врз односите на Трамп со брокерите и доверителите. Најмалку 590 милиони долари заеми мора да се отплатат во следните четири години, аТрамп лично гарантира за повеќе од половината. ми/

Остани поврзан