• четврток, 26 декември 2024

Богата спортска програма за Денот на ослободувањето на Битола

Богата спортска програма за Денот на ослободувањето на Битола
Битола, 2 ноември 2022 (МИА) - Спортските клубови, здруженија на спортисти и поединци кои често настапуваат со знамето и грбот на градот, со посебни програмски активности ќе го одбележат општинскиот празник, Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември. Најатрактивна манифестација и годинава е ноќната атлетска трка која битолскиот Сојуз на спортови ја организира по 64. пат, а ќе се одржи утревечер на Широк Сокак во овој град. Од секторот за односи со јавност информираат дека во спортските активности вклучени се кугларските клубови „Пелистер-1982“ и „Пелистер ПИН“ кои во новата кугларница одржуваат градско првенство, утре претпладне во градскиот парк ќе се одржи велосипедска трка која ја организира велосипедскиот клуб „Пелистер – 15. Мај“, а на 4 ноември ќе се одржи шаховски турнир кој традиционално го организира Здружение на слепи лица од Битола. Спортските манифестации за празникот на градот годинава се збогатени со ревијален фудбалски натпревар меѓу екипите ветерани на ЗФСК „Јове Начко“ и ФК „Пелистер“, а за викендот се планирани летечки активности со параглајдери кои како што информира организаторот, клубот „Летечки конзули“, доколку дозволат временските услови ќе се изведат од врвот Пелистер на Баба Планина. Празничната спортска програма ќе биде заокружена со изложба на фотографии „Ѓуро Илиќ – 45 години творештво во боречките вештини“ која ќе се одржи на 23. ноември во битолскиот Офицерски дом. мт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан