• четврток, 26 декември 2024

Богата културна програма за општинскиот празник на Гевгелија

Богата културна програма за општинскиот празник на Гевгелија
Гевгелија, 3 ноември 2021 (МИА) - Четиридневна богата културна програма со поддршка на општина Гевгелија и Министерството за култура од денеска до недела ќе се реализира по повод општинскиот празник - 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. Реализацијата на програмата ќе почне вечер во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, каде ќе биде отворена изложба на фотографии „Уменците и Пресвета Богородица“, на која ќе бидат претставени најстарите икони и фрески од црквата во селото Ума. На изложба што ќе биде отворена во Пионерскиот дом ќе бидат претставени фотографии од учесници на работилницата чиј ментор беше Димитар Новаков. Програмата ќе продолжи в петок, најпрво со манифестацијата „Фолклорен ѓердан“, а потоа и со сценска адаптација на ора и песни „Мегленски Власи од Ума и Конско“, во изведба на ансамблот за традиционални песни и игри „Бојмија“ од Гевгелија. В сабота, во текот на денот ќе се одржи манифестацијата „Гевгелија на точак“, а вечерта ќе гостува Кумановскиот театар со изведба на претставата „Вообразен болен“ од Молиер. На денот на празникот, в недела, ќе се одржи првата Меѓународна улична трка на 5 и 10 километри во организација на АК „7 Ноември“ од Гевгелија и Атлетската федерација на Македонија, на која се очекува учество на повеќе од 600 натпреварувачи од Словенија, Грција, Србија, Косово и од земјава. Истиот ден ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на народните херои, првоборците во НОВ, пред Спомен-костурницата, како и на споменикот на Сава Михајлов. им/мд/

Остани поврзан