• среда, 18 декември 2024

Бове: Поддршката од навивачите и соиграчите ми даде неверојатна сила

Бове: Поддршката од навивачите и соиграчите ми даде неверојатна сила

Фиренца, 16 декември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, изјави дека се чувствува добро и дека поддршката што ја добил од навивачите и соиграчите му помогнала да се опорави откако беше ставен во медицински индуцирана кома.

Бове колабирал на теренот за време на натпревар од италијанската Серија „А“ против Интер на 1 декември.

-Во моменти како овие, сфаќам колку е реален овој спорт и како сите сме поврзани, освен резултатите, конкуренцијата и ривалството. Поврзани со врска која, откако ќе се создаде, станува речиси нераскинлива по предизвикувачките времиња, напиша Бове на својот Инстаграм профил.

Бове беше пуштен од болница во петокот, а доколку мора да му биде вграден дефибрилатор, нема да може да продолжи да игра во Италија, бидејќи во таа земја е забрането играње со дефибрилатор.

-Поддршката што ја добив, топлината на навивачите, поддршката од соиграчите и противниците и блискоста на целиот фудбалски свет ми даде неверојатна сила и храброст. Опкружен сум со позитивна енергија, која ми помага да останам смирен и да не ја чувствувам осаменоста што често доаѓа во овие ситуации, додаде тој.

Бове, во случај да мора да постави дефибрилатор, би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига како Кристијан Ериксен. За Фиорентина настапува како позајмен играч од Рома. дс

Фото: Архива

Остани поврзан