• четврток, 26 декември 2024

Бобан: Милан е како Северна Кореја

Бобан: Милан е како Северна Кореја
Милано, 8 март 2020 (МИА) - По синоќешната потврда на Милан за прекин на соработката со Звонимир Бобан, со реакција се јави и Хрватот кој тврди дека клубот не бил фер кон него.
- Не знаев дека сме во Северна Кореја. Уште во декември направија договор со Ралф Рангник на кого можам да му посакам се најдобро. Но, мораа да ми кажат, заслужив да ме известат ако имаа такви планови, изјави Бобан за италијанскиот весник „Ил Џорнале“.
Односите меѓу Бобан и извршниот директор на „росонерите“, Иван Газидис се заладија по интервјуто на Хрватот за „Газета дело Спорт“ во кое тој упати отворени критики. Тие доведоа со разрешување на поранешниот фудбалски ас на „коцкестите“ кој, според „Република“ веќе се договори за нов ангажман.
- Моето интервју е правно беспрекорно. До него, како и до одговорите дојде по многуте игнорирани прашања“, додаде Бобан за „Ил Џорнале.
По Бобан, од Милан може да замине и Паоло Малдини. Нивните позиции треба да ги заземе Германецот Ралф Рангник со кого Газидис се состана кон крајот на минатата година.
Рангник беше желба и на Манчестер јунајтед, но калчолигашот беше поупорен и поконкретен во намерата и постигна договор за соработка за наредните три години. сѓд/ми/

Остани поврзан