• понеделник, 26 август 2024

„БМВ“ со нова понуда „М-перформанс“

„БМВ“ со нова понуда „М-перформанс“
Минхен, 9 септември 2021 (МИА) - Меѓу моделите на „БМВ“ за кои М-одделот подготви широк спектар делови со „М-перформанс“, сега е и втората генерација на „Серијата 2“ со две врати. Купувачите на новата серија кои се подготвени за доплаќања можат да сметаат на богата понуда, со којашто компактното купе ќе се издвои од стандардните верзии. Деловите „М-перформанс“ вклучуваат решетка на ладилникот, насочувачи за воздух, куќишта на огледалата и спојлер на капакот на багажникот - сѐ тоа изработено од карбон. Има и налепници на страните и хаубата, а и капакот на резервоарот е исто така различен. Карбонот како материјал го најде своето место и на неколку елементи во темната кабина, во којашто се издвојуваат воланот и предните седишта. Купувачите за кои пакетот „М-перформанс“ не е доволен, ќе треба да чекаат до крајот на следната година, бидејќи новиот „БМВ М2“ дотогаш ќе биде готов.  си/

Остани поврзан